Фирмите ги лапнаа стоте евтини милиони од ЕИБ

Bez autora
Feb 15 2011

Компаниите ги лапнаа стоте евтини милиони евра од кредитната линија од Европската инвестициона банка, а веќе се преговара и за нови 100 милиони што, најверојатно, ќе бидат достапни од средината на март, најавуваат од Македонската банка за поддршка за развој. Во недостиг од други кредити од домашните банки поради нивната конзервативност и високите камати, компаниите во последен момент посегнаа по евтините кредити. Околу 70 отсто од парите се веќе повлечени, а преостанатите 30 милиони ги резервирале големите капацитети. Тие поднеле приоритетни проекти, а наскоро се очекува и овие 30 милиони евра да бидат повлечени како последна транша од оваа кредитна линија.

Фирмите ги лапнаа стоте евтини милиони од ЕИБКомпаниите ги лапнаа стоте евтини милиони евра од кредитната линија од Европската инвестициона банка, а веќе се преговара и за нови 100 милиони што, најверојатно, ќе бидат достапни од средината на март, најавуваат од Македонската банка за поддршка за развој.

Во недостиг од други кредити од домашните банки поради нивната конзервативност и високите камати, компаниите во последен момент посегнаа по евтините кредити. Околу 70 отсто од парите се веќе повлечени, а преостанатите 30 милиони ги резервирале големите капацитети. Тие поднеле приоритетни проекти, а наскоро се очекува и овие 30 милиони евра да бидат повлечени како последна транша од оваа кредитна линија. Таа започна да се реализира кон крајот на 2009 година како антикризна мерка за да им се помогне на компаниите полесно да се справат со последиците од кризата, но забрзаното трошење го доживеа во последните три месеци.

Како и што се очекуваше, откако МБПР ги вклучи и големите фирми, тие веднаш се потрошија. Големите побарале во просек по 2 милиона евра за преокт, но согласно со договорот со МБПР, и банките ќе учествуваат со плус 50 отсто нивни средства. Значи, ако една голема фирма побарала 2 милиона евра кредит од ЕИБ, банката има обврска да обезбеди уште 2 милиона од нејзини сопствени средства за реализација на преоктот.

Прехранбената индустрија предничи. Од овој сектор се најголемиот број фирми што побарале кредити. Но, од банките велат дека интересот бил голем и од гражеништвото и од металната индустрија.

И кај малите и кај средните претпријатија, кои имаа приоритет во почетокот, најмногубројни се оние од прехранбената, конзервната, градежната индустрија, но со овие кредити инвестиции почнале и неколку печатници.

„Околу 69 проценти од проектите за кои се земени кредитите се наменети за инвестиции, за машини и за опрема. Тие се со рок на отплата до 5 години. Додека останатите се кредити за трајни обртни средства, за набавка на репроматријали и за исплата на плати. Тие, пак, се со рок на отплата до 3 години. Со веќе повлечените 70 милиони евра од ЕИБ се поддржани 292 проекта, со кои се планирани 1.980 нови вработувања“, објаснува Александар Станојковски од МБПР.

Тој очекува успешно да завршат и преговорите за новата кредитна линија од 100 милиони евра со ЕИБ, која би требало да биде достапна од средината на март. Од МБПР, всушност, не очекуваат да има прекин во повлекувањето на средствата од ЕИБ, со оглед на тоа што кон крајот на овој или евентуално во почетокот на март, ќе бидат повлечени и последните 30 милиони за кои аплицирале големите фирми.

Владата лани кон крајот на октомври откако увиде дека не оди толку лесно одобрувањето на кредитите од ЕИБ, олабави со критериумите, па тие станаа достапни и за големите фирми со над 250 вработени, но и каматата ја спушти на 5,5 отсто, фиксно, за сите години на отплата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik